(Selected chapters from Does God Believe in Atheists by John Blanchard)
Дваесет и втората книга на Бланчард објавена во март 2000-та година доживеа трето издание во рок од три месеци. Насловот на тоа капитално дело кое на 650 страници обработува 24 поглавија, е „Дали Бог верува во атеисти?“ (Does God Believe in Atheists?) Делото претставува своевидна енциклопедија на човековата мисла за и против верата во постоењето на Бог, од тезите на грчките филозофи, преку дарвинизмот и еволуцијата, па сѐ до хипотезите на Стивен Хокинг и други современи научници кои во своите дела директно или индиректно се занимаваат со прашањата за вселената, животот и за Господ. Книгата „Вселената и животот: случајни или планирани појави?“ е извадок од делото „Дали Бог верува во атеисти?“, поточно таа е синтеза на поглавјата 13 и 14 од споменатото дело на Џон Бланчард, и под ваков наслов и во ваква форма е објавена само на македонски јазик.
Согласно со кажаното, ова македонско издание опфаќа две теми, имено, темата за потеклото на вселената и темата за потеклото на животот, и дали се тие случајни или планирани појави? Ќе ги прочитате мислењата и образложенијата на голем број научници, филозофи и теолози, преку оригинални цитати кои д-р Бланчард ги пренесува во оваа книга. Книгава дава еден убав пресек на денешната мисла по прашањата за потеклото на вселената и на животот. Книгава им ја препорачуваме на сите македонски читатели со отворен и аналитичи ум кон овие исконски прашања.
Содржина:
I. За вселената
1. Материја, материја...
2. Големите прашања
3. Безконечен свет?
4. Бум - и еве нѐ!
5. Случајност или неопходност?
6. Божји отпечаток?
7. Враќање на самиот почеток
8. Зошто не Бог?
II. За животот
1. Таков е животот
2. Инвазија од вселената?
3. Од ништо до природа?
4. Проблеми
5. Нема шанси!
6. Бомбата на Бехе
7. Враќање на почетокот
Џон Бланчард (John Blanchard)
List Price: $14.99
Our Price: $12.99
You Save:
$2.00(13%)
+ Free Shipping w/ $45 min. purchase
Category: Foreign
Format: Book (Paperback) (136)
Publisher: Otkrovenie (Откровение)
Date Published: Jan 01, 2003
Language: Macedonian
ISBN: 9789989669354
SKU: LT-1990
Dimensions: 5.50 x 8.25 x 0.50 (in)
Weight: 7.40 oz