(This is a translation of The Lord God Almighty by Jeff Miller)
Седумте лекции, поместени во оваа книга, на христијаните во улога на ученици им ги даваат основните библиски вистини за Семоќниот Бог. Секоја лекција има за цел да им помогне на луѓето во нивното лично духовно издигање, како и да им понуди практичен материјал при духовни разговори со други луѓе. Ви препорачувам да ја користите оваа книга како извор за групно проучување на Библијата, за домашни групи, во неделни училишни одделенија, или за лично проучување.
Новозаветната библиска книга „Дела на апостолите“ користи неколку различни зборови за оние коишто го примиле спасението како Божји дар. Така, таа двапати ги нарекува христијани, трипати ги нарекува следбеници, тринаесет пати го користи зборот верници, додека за Божјиот народ како за ученици на Исус Христос се зборува - триесет пати. Луѓето во времето на Исус многу очекувале од оние коишто се нарекувале ученици. Во изворниот јазик зборот ученик значи „оној што учи или студира“. Меѓутоа, новозаветниот збор ученик не смееме да го мешаме со современото значење на зборот студент. Денешниот студент може да седи во клупата и неговиот ум да биде стотици километри далеку. Ученикот во времето на Исус целосно се посветувал на следењето на својот учител и на неговото учење. Тој не полагал испит на крајот од семестарот. Вистинскиот ученик ги усвојувал мислата и праксата на својот учител (Јован 8:31-32, 13:34-35, 15:7-8).
Содржина:
Вовед
Божјиот идентит: Неговото лично име
1. Објавување
2. Значење
Божјиот идентитет: Неговата троична природа (дел 1 и 2)
1. Таткото Бог
2. Синот Бог
3. Светиот Дух Бог
Божјите особини: Бог е живот, Бог е светлина, Бог е љубов
Божјата Радосна вест: проштевање на гревовите преку вера во Исус Христос
1. Зошто ни е потребна?
2. Што е?
3. Како ја примаме?
Божјата главна активност: Божјото мисионерско срце
Божјата крајна цел: Слава на Бог во вечни времиња!
1. Која е крајната Божја цел?
2. Што тоа значи?
3. Како се прославува Бог?
Џеф Милер (Jeff Miller)
List Price: $14.99
Our Price: $9.99
You Save:
$5.00(33%)
+ Free Shipping w/ $45 min. purchase
Category: Foreign
Format: Book (Paperback) (96)
Publisher: Otkrovenie (Откровение)
Date Published: Jan 01, 2001
Language: Macedonian
SKU: LT-1985
Dimensions: 6.75 x 9.50 x 0.25 (in)
Weight: 6.50 oz